Екипата на Колчестер направи голем подвиг откако синоќа успеа да го елиминира Тотенхем од Лига купот на Англија. Тимот кој е на десеттото место во четвртата лига во Англија успеа да се одбрани против актуелниот вицепрвак на Европа, а потоа во пенал-рулетот да победи со 4:3.
Ериксен и Лукас утнаа за фаворизираните гости од Лондон и тоа беше доволно за да се случи незапамтено славење во Колчестер. Веднаш по завршувањето на средбата, домашните навивачи втрчаа на теренот за да прослават заедно со своите миленици.
https://twitter.com/i/status/1176600045556293633