Рома – Парма 2-1, Аталанта – Сампдорија 2-0, Болоња – Сасуоло 1-2 и Торино – Бреша 3-1 се резултатите од вечерашните дуели во италијанската Серија А.
Римската Волчица до новите три бода кои ја носат во Лигата на Европа дојде со пресврт откако гостите поведоа со 1-0.
Најефикасниот тим во Италија, Аталанта, во финишот го скрши отпорот на Сампдорија, која засега донекаде е безбедна, но не и сигурна за опстанок. Тимот од Бергамо со новата победа се искачи на третото место и има само два бода помалку од вториот Лацио.
Победа со пресврт, и тоа по негатива на полувреме оствари Торино против загрозената Бреша, која сега е блиску до испаѓање. Сасуоло е во серија од три победи по ред, но уште се далеку од местата кои водат на европска сцена.