29.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Незапирливиот Калин Ивановски се пласираше во финалето на турнирот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, ќе игра во финалето на турнирот во австриски Крамзах, откако денеска во полуфиналето беше подобар од Французинот Ерхард со 4-6, 6-2, 6-2.

Ивановски во првите три кола редеше победи против домашни тенисери, а денеска за првпат загуби сет, но направи пресврт против играч со кој има сличен рејтинг на АТП листата. Калин е втор носител на турнирот, па пласманот во финалето е потврда дека ја моправдал фаворитската улога.

Ова е турнир кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари. Можни противници на македонскиот тенисер се прв и от носител Крафорд од САД или Ли од Јужна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести