Незгодни ривали на патот кон ЕП – Германија, Полска и Малта ривали на Македонија У-17 во елитната фаза

Ждрепката во Нион ѝ донесе незгодни противници на македонската репрезентација за играчи до 17 години и во Малта следната година ќе играме со домаќинот на турнирот, но и со фаворитите Германија и Полска.

Македонија во Скопје успеа да се избори за настап во елитната фаза, но сега задачата ќе биде многу потешка. Германија ќе сака рехабилитација за неуспехот на претходното ЕП, кога не ја минаа групата во конкуренција на Италија и Шпанија.

Полјаците не успеаја да стигнат до ЕП бидејќи испаднаа во елитната фаза, па сега ќе имаат нов обид за рехабилитација.

Малта би требало да биде аутсајдер во групата, но треба да се внимава и на домаќинот. Првопласираната селекција сигурно патува на ЕП, а шанса има и селекцијата што ќе заврши на второто место.

- Оглас -

Најнови вести