(Видео) Незгодно, или вистинско прашање за Солсјкер – Дали сте вистинскиот човек за Манчестер јунајтед?

Оле Гунар Солскјер сепак не успеа да ја оствари примарната цел и да го доведе Манчестер јунајтед до Лигата на шампионите, па сега на ред се и незгодните прашања.

Едно такво му беше испорачано денеска, веднаш по сензационалното реми со фенерџијата Хадерсфилд, по кое стана јасно дека „црвените ѓаволи“ немаат шанси за настап во ЛШ следната сезона.

„Дали се уште сте вистинскиот човек за тренер на Манечстер јунајтед“ беше новинарското прашање. Солскјер се збуни за момент, но одговори потврдно.

Попладнево Јунајтед ремизираше на гости со испаднатиот Хадерсфилд и ќе игра во Европа Лигата, наместо какви што беа амбициите учество во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести