Незгодно – Тепачот од Тбилиси ќе означи рестарт на тениската сезона

Николоз Басилашвили и Феликс Ожие-Алијасим денеска од 17 часот со третиот меѓусебен меч во кариерите ќе означат рестарт на машкиот професионален тенис, по пауза од половина година.

Турнирот од Мастерс серијата Синсинати 2020 овојпат ќе се игра во Њујорк, поради безбедносни причини во ерата кога се уште не е сопрена пандемијата со корона-вирус, а во истиот термин на комплексот „Флешинг Медоуз“ ќе се играат уште два меча.

Ожие-Алијасим води со 2:0 во меѓусебните дуели со Грузиецот, кој куртули од затвор во мај годинава, отако сопругата го пријави за насилство во Тбилиси.

Најдобриот тенисер од оваа земја ја претепал сопругата на 21. мај, а очевидец бил и нивниот син. Следниот ден беше приведен и му се закануваше едногодишна казна затвор, но тенисерот беше пуштен на слобода со кауција од 29 илјади евра.

Сега е веќе во Њујорк и ќе игра на премиерниот меч од реномираниот турнир, со кој ќе се означи кам-бек на машкиот тенис по март годинава, кога беа прекинати сите тениски настани.
Во истиот термин од 17 часот Карено-Буста ќе игра со Душан Лајовиќ, а и Жан-Ленард Штруф ќе му се спротивстави на Алекс Де Минаур.
Прв носител на турнирот е Новак Ѓоковиќ, се игра за награден фонд од 4.67 милиони долари, а титулата ја брани Данил Медведев.
На женскиот дел од турнирот исто така се почнува со три меча од 17 часот денеска, а топ-носителка е Каролина Плишкова. За дамите ова е втор турнир по паузата од март, откако веќе се играше во Прага минатата седмица, а победи Симона Халеп.
Титулата на Синсинати опен, што овојпат принудно се игра во Њујорк ќе ја брани Медисон Кијз, која е рангирана како седма носителка.
- Оглас -

Најнови вести