НФЛ-играч обвинет за силување пред мечот на кариерата

Џош Силс, членот на НФЛ-тимот Филаделфија иглс, е обвинет за силување и киднапирање само десет дена пред да игра во најважниот натпревар во кариерата, Супербоул, кој е закажан за 12 февруари.

Обвинителството пред големата порота на судот во Гернзи наведе дека инцидентот се случил на 5 декември 2019 година.

Канцеларијата на шерифот од реонот Гернзи, каде што се случило силувањето, спровела истрага и ги потврдила наводите на жртвата, по што големата порота на судот го прифатила обвинението за силување и киднапирање и закажа судски процес.

Силс мора да се појави на суд на 16 февруари, само четири дена по Супербоул-мечот за титулата во НФЛ-лигата против Канзас сити чифс.

Силс сезонава одигра само еден натпревар, против Аризона кардиналс, а во НФЛ-лигата влезе минатата година како слободен играч.

- Оглас -

Најнови вести