8201 Каролина хурикенс – Нешвил предаторс (НХЛ, 01 часот)
Двете екипи се на позиции што водат во плејофот, но моментно се во криза што има идентичен тек.
И Каролина и Нешвил имаат по четири порази на последните пет натпревари, откако претходно имаа убави победнички серии.
Мечот е многу значаен, бидејќи се влегува во клучна фаза во битката за плејоф позиции, а победа ќе значи зрак на надеж и најава за излез од кризата за двете екипи.
Во НХЛ сезонава се игра многу ефикасно, Каролина и Нешвил имаат убата традиција на дуели со многу голови, па типуваме дека пак ќе ги има најмалку пет, со победа на домашниот тим.
Предлог тип: 1&5+ (2,66)
8393 Минесота вајлд – Флорида пантерс (НХЛ, 02 часот)
Пантерите од Флорида се први в Источната конференција и со победа ќе останат на врвот во конкуренција на уште најмалку шест екипи што се надеваат дека ќе тргнат во плејофот од најпосакуваната позиција.
Флорида е тимот со најмногу постигнати голови во целата лига, дури 197 пати ги тресеа противничките мрежи, а Џонатан Хубердо ја игра најдобрата сезона и е трет на листата со најдобри поентери, со 66 поени.
Рускиот ас Кирил Капризов блеска кај Минесота со 59 поени, па ќе гледаме дуел на двајца топ-хокеари во Топ-10 според бројот на голови и асистенции комбинирано.
Ова е дерби на програмата со четири меча ноќеска и ќе типуваме дека ќе има продолженија, па можеби и пенали.
Предлог тип: Х (4,30)
8394 Чикаго блекхокс – Далас старс (НХЛ, 02,30 часот)
Капитенот и клупска легенда на Чикаго, Џонатан Тејс долго паузира поради потрес на мозокот и без него Блекхокс имаат скромни резултати.
Чикаго е трет одоздола на табелата во Западната конференција и плејофот изгледа како далечна дестинација за шесткратниот НХЛ шампион.
Далас игра подобро во вториот дел од сезоната и има шанси да настапи во доигрувањето, но мора да продолжи да победува.
Интересно е што на последните два меѓусебни дуели Старс славеа победи по продолженија, но сега типуваме дека ќе дојдат до хет-трик, овојпат со триумф во регуларниот дел од мечот.
Предлог тип: 2 (2,05)
8395 Вегас голден најтс – Лос Анџелес кингс (НХЛ, 04 часот)
Вегас е најтазе екипа во НХЛ, се приклучи во 2017 година, а веќе одигра многу натпревари против Лос Анџелес кингс.
Тоа ја потврдува интересната динамика на професионалните лиги во Америка и Канада, каде се игра со полн интензитет.
Ноќеска овие две екипи ќе играат по 35-ти пат меѓусебе и веќе си изградија солиден ривалитет за неполни пет години.
Често натпреварите им се со многу голови, на последните два заедно постигнаа дури 17, па очекуваме нов ефикасен меч со над пет гола.
Предлог тип: >5,5 гола (1,70)
7249 Џон Милман – Григор Димитров (Тенис, Делреј бич, 02 часот)
Некогаш големиот тениски талент, Григор Димитров не ги исполни очекувањата и полека влегува во завршната фаза од тениската кариера.
Во мај ќе полни 31 година, а досега не направи позначаен исчекор кон врвот на светскиот тенис, иако од него се очекуваше и да биде гренслем шампион.
Бугарскиот тенисер има 8 АТП титули, беше рангиран и како трет тенисер на светот, но можеше многу повеќе.
Ривал во четвртфиналето на АТП турнирот во Делреј бич ќе му биде две години повозрасниот тенисер Џон Милман.
Тоа е шанса за Димитров да игра полуфинале, а интересно е што двапати досега го победуваше Австралиецот и тоа во неговиот роден град Бризбејн.
Иако Григор е фаворит, знае да потфрли, па ќе типуваме дека ќе има повеќе од 22 гем на мечот.
Предлог тип: >22,5 гема (1,95)