НХЛ продолжи жустро – Ураганот од Каролина поведе против Њујорк ренџерс (Видео)

Каролина хјурикенс поведе во плејоф серијата против Њујорк ренџерс со 1:0, откако во жустар меч со многу исклучувања славеше победа од 3:2.

Ова беше првиот меч што означи рестарт на сзоната во НХЛ лигата, а во Торонто во Скоцијабенк“ арена подобро се снајдоа хокеарите на Каролина.

Слевин, Ахо и Некас беа стрелци за Ураганите, а Њујорк постојано бркаше негатива, но не успеа да поведе во плејоф серијата.

Головите за Ренџерите ги постигнаа Зибанеџад и Стал, но сега Њујорк ќе мора да атакува на пресврт во серијата ако сака да продолжи во пејофот.

Мечот го одбележаа и многу казни за груби стартови, а имаше вкупно 42 минути исклучувања, по 21 на двете страни.

Следниот меч од оваа серија се игра за два дена повторно на истото место, а победник ќе биде екипата што прва ќе стаса до три победи.

 

- Оглас -

Најнови вести