НХЛ-ѕвездите на Далас немаат шанса против Стамкос и Тампа Беј

Тампа Беј лајтнинг – Далас старс, (НХЛ, 01.00 часот)

Тампа Беј е убедливо најдобрата екипа во НХЛ-лигата, по две третини од регуларниот дел од сезоната и плејофот е загарантиран, а и првата позиција во доигрувањето е речиси сигурна. Со 88 поени, Стамкос и соиграчите имаат двоцифрена предност пред конкурентите и во својата Источна конференција, но и пред водечките екипи на Западот.

Тампа има серија од три победи, а Далас е еден од ривалите што лесно го победува. Домаќините се апсолутни фаворити за нов триумф, а коефициентот е одличен.

Предлог тип: 1 (2.00) Супер тип

 

Никола Вучевиќ (Орландо меџик – Шарлот Хорнетс, НБА, 01.00 часот)

Црногорскиот репрезентативец има одлична сезона зад себе во НБА, иако игра во просечен тим. Орландо нема да игра плејоф, но Вучевиќ блеска, особено во последно време. Лесно ја минува границата од 20 поени, има капацитет да игра и на центарската позиција, но да шутне и тројка.

Против Шарлот не му оди најдобро, на последните 4 дуели против нив имаше скромен учинок, но ќе одиграме тип дека Вучевиќ ќе ја надмине границата од 21,5 поени бидејќи е во извонредна форма.

Предлог тип: Вучевиќ > 21.5 поени (1.87)

 

Кемба Вокер (Орландо меџик – Шарлот Хорнетс, НБА, 01.00 часот)

Бекот на Шарлот е еден од најдобрите кошгетери во НБА-лигата и долг период главен адут на клубот чиј споственик е легендарниот Мајкл Џордан. За овој меч има интересна статистика која вели дека Шарлот има неверојатна серија од 15 победи против Орландо меџик.

Во грото од овие дуели Вокер беше моторот во победите против за нив омилениот ривал во НБА-лигата. Кемба е извонреден играч, иако веќе е ветеран и со леснотија постигнува кошеви.

Очекуваме да биде ефикасен и ноќеска, во меч кој многу му значи на Шарлот во битката за задржување на позицијата која води во плејофот.

Предлог тип: Вокер > 26.5 поени (1.90)

 

Џон Колинс (Атланта хоукс – Њујорк никс, НБА, 01.30 часот)

Џон Колинс е еден од најнадежните кошаркари во НБА-лигата, а во втората сезона покажува дека има квалитет да се носи со најдобрите играчи на планетата.

Крилото на Хоукс знае да блесне и веќе станува еден од столбовите на тимот. Атланта нема шанси да игра во плејофот, а 20-годишниот Колинс добива сè поголема минутажа и умешно ја користи.

Противникот Њујорк никс го реновираше тимот со трампите во текот на сезоната, нема императив бидејќи е на дното од Источната конференција, па може да се очекува ефикасен меч со Атланта, во кој Колинс има можност повторно да ги презентира своите квалитети и потенцијал.

Предлог тип: Колинс > 19.5 поени (1.87)

 

Пол Џорџ (Њу Орлеанс пеликанс – Оклахома тандерс, НБА, 02.00 часот)

Џорџ е неверојатен сезонава, ги решета кошевите на противничките екипи во НБА-лигата и е еден од кандидатите за најкорисен кошаркар сезонава во најсилната лига на светот.

Крилото на Оклахома и буквално си поигрува со противниците и конечно е во тим во кој го потврди раскошниот потенцијал. Дури успеа да се наметне како прва ѕвезда во тимот во кој игра Расел Вестбрук.

Со просек од 28,7 поени, 8 скокови и над 4 асистенции Џорџ се промовира во лидер на Оклахома, а тимот со него бележи одлични резултати. И самиот податок дека на последните 10 меча само двапати не ја мина границата од 30 поени покажува дека игра во страшна форма.

Њу Орлеанс има лоша атмосфера во тимот по најавата на Ентони Дејвис дека сака да си замине, па се чини дека Џорџ ќе нема мака повторно да оди над 30 поени.

Предлог тип: Џорџ > 33.5 поени (1.85)

 

- Оглас -

Најнови вести