Ни Бразил, ни Германија, ни Италија, само Франција ги има освоено сите можни трофеи во машкиот фудбал

Франција со триумфот во Лигата на нации, стана првата земја која може да се пофали со освоени победнички пехари во сите фудбалски машки репрезентативни натпреварувања.

Французите биле светски прваци, европски шампиони, освоиле олимписко злато, а триумфирале и во Купот на конфедерации и сега во Лигата на нации. Освен тоа, имаат светски титули до 20 и 17 години, а европски прваци биле и во трите младински категории, до 21, 19 и 17 години. Триколорите во машка конкуренција освоиле буквално сè што може да се освои.

Синоќешната победа над Шпанија, беше посебна и за Карим Бензема кој со фантастичен гол го најави пресвртот и победата. Голгетерот на Реал Мадрид стана најтрофеен француски фудбалер во историјата. Бензема во кариерата има 27 трофеи, од кои 19 со Реал, 7 со Лион, и еден со националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести