Ливерпул со историска победа, Арсенал со фантастичен пресврт

Ливерпул остана со перфектен биланс и по шестото коло во англиската Премиер лига, откако славеше со 2:1 на гости кај Челзи. Искуството на гостите беше пресудно за победа на тимот на Јирген Клоп. Александер-Арнолд погоди за водство во 14 минута, а потоа Фирмино зголеми на 2:0 во 30 минута.

Во второто полувреме Челзи успеа да даде само почесен гол преку Канте во 71 минута. Со овој триумф, Ливерпул стан а првиот клуб во историјата на Премиер лигата кој успеал две сезони по ред да започне со шест победи во првенството.

Арсенал не дозволи изненадување на свој терен, откако со 3:2 ја победи Астон вила, иако гостите два пати имаа водство. Дополнителен проблем за Топчиите беше и фактот што пред крајот на првиот дел останаа со играч помалку по црвениот картон на Мајтланд.

И со 10 играчи на теренот, Арсенал во второто полувреме даде три гола и донесе голема радост за домашните фанови.

- Оглас -

Најнови вести