Ни џиновскиот договор со Ал-Наср не му помогна на Роналдо, и понатаму тој не е најбогат фудбалер на светот

Неверојатниот договор со саудискиот клуб Ал-Наср, кој од Кристијано Роналдо ќе направи милијардер, нема да му помогне на Португалецот да биде најбогат фудбалер на светот.

Приматот и понатаму го држи Фаик Болкијах, 24-годишното лево крило кое игра за Чонбури во Тајланд, а во минатото беше и во младинските состави на Саутхемптон, Челзи и Лестер, како и во Б тимот на португалскиот Маритимо. Фаик е внук на султанот од Брунеи и неговото богатство се проценува на 20 милијарди евра. Роналдо и Лионел Меси заедно немаат толкаво богатство.

Во топ 5 најбогати фудбалери на светот, освен Болкијах, Роналдо и Меси, влегуваат и Нејмар и Златан Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести