Ни два црвени картони не ја спречија победата на Атлетик Билбао во Мадрид (Видео)

Атлетик Билбао со 2-0 победи на гостувањето кај Хетафе и остана во трка за место кое води во Лигата на шампионите.

За баскискиот клуб заврши серијата од четири кола по ред без победа, а творци на победата беа браќата Вилијамс. Нико асистираше, Ињаки даваше голови.

Нико Вилијамс има 10 асистенции сезонава, прв играч на Атлетик во последните 44 години на кој ова му успеало. Гостите од Билбао вечерва од 58-ма минута играа со човек помалку (Јерај), а од 79-та добија и второ исклучување (Паредес), но и со деветмина на терен сосе голманот, не примија гол, благодарение на одличниот Унаи Симон кој во 88-ма минута му одбрани и пенал на Мејсон Гринвуд. За Симон ова е трети одбранет пенал сезонава во шпанската лига.

Од сезоната 2010/2011 наваму, се немаше случено на еден ист меч двајца играчи на Билбао да добијат црвени картони. Но, двете исклучувања беа при резултат 2-0.

- Оглас -

Најнови вести