10.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Ни европскиот првак не може да го запре Баерн

Баерн Минхен со два гола на Луис Дијас води со 2-0 по првото полувреме на гостувањето кај ПСЖ во едно од двете големи дербија вечерва во Лигата на шампионите.

Баварците продолжуваат да газат, тие се единствен тим во Европа кој ги има добиено сите официјални мечеви кои ги одигра сезонава, а на добар пат се да го совладаат и актуелниот европски првак и тоа на негов стадион. ПСЖ даде еден гол при 0-1, но беше поништен по прегледување на снимка.

Проблем за Баерн е што Колумбиецот кој е двоен стрелец, доби црвен картон во последните моменти од првиот дел, па Светците ќе имаат човек повеќе на терен цело второ полувреме.

На „Енфилд“, Собослаи имаше две прекрасни шанси, но Куртоа не дозволи водство на Ливерпул, па резултатот е 0-0. И Реал се закани сериозно еднаш преку Белингам, чиј шут го одбрани Мамардашвили. Имаше и една интересна ситуација во која се чинеше дека ќе има пенал за Црвените, но судијата процени дека воопшто немало играње со рака.

- Оглас -

Најнови вести