15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ни Франција ни Германија не успеаја против Швајцарија да постигнат 29 гола колку што даде Македонија

Македонската репрезентација вечерва во Берлин ја совлада Швајцарија, а една од причините за триумфот беше и ефикасниот напад.

Нашите ракометари дадоа 29 гола, бројка која против Швајцарија не успеаја да ја надминат ни гигантите Франција и Германија. Швајцарија од Германија прими 27, од Франција 26, а од Македонија 29 гола.

Швајцарскиот голман Никола Портнер против нас имаше 10 одбрани, но од 38 упатени шутеви кон него.

Дури десетмибна различни ракометари во македонскиот национален тим успеаја да постигнат барем по еден гол, ривалот не знаеше од кого да се пази.

- Оглас -

Најнови вести