Младата македонска фудбалска селекција за играчи до 19 години ќе игра тест-натпревари против Полска и Англија на гостински терен.
На 11-ти октомври, во близина на Варшава на избраниците на Горан Станковски на мегдан ќе им излезат врсниците од Полска, а пет дена подоцна, на 16-ти октомври во Бирмингам ќе играме против Англија. Селекција која ја надигравме во Скопје, во квалификациски меч за настап на ЕП.
Во март годинава славевме против талентите на „Гордиот Албион“ со 2-0. Иако не успеавме да се пласираме на ЕП, нашите таленти покажаа дека имаат квалитет, па сега стаса покана од Полјаците и Англичаните за пријателски мечеви.
Нашата експедиција ќе отпатува за Полска на осми октомври, а следниот ден, по мечот во Бирмингам со Англија, се враќа во Скопје.
Еве го комплетниот состав за двата меча:
Голмани: Бојан Тимевски (Саса Каменица), Стефан Јакимовски (Њу Старс)
Одбрана: Зоран Ивановски (Академија Пандев), Адријан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Филип Антовски (Вардар), Џејми Перчевски (Фортуна Дизелдорф, Германија), Стефан Симоновски (Генц Калемлер), Стефан Наумчески (Вардар), Ангел Страторски (Горица, Словенија)
Среден ред: Анес Османовски (Унтерахинг, Германија), Томче Гроздановски (Тренчин, Словачка), Али Адем (Вардар), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Алекс Талески (Вардар)
Напад: Јакуп Бериша (Вардар), Марио Наумоски (Победа), Енсар Љума (Шкендија), Марко Ѓоргиевски (Борец), Бојан Колевски (Борец), Дарко Чурлинов (Келн, Германија);