Ни Ѓоковиќ не можеше да ја одбие Шарапова, кој би кажал не?

Откао Русинката Марија Шарапова јавно обелодени дека ќе донира 25.000 долари за загрозените во големите пожари кои беснеат во Австралија, во хуманитарната акција се приклучи и Новак Ѓоковиќ, кој рече дека истотака ќе даде 25 илади за донацијата на Шарапова да биде удвоена.

„Австралија веќе 15 години е мој дом во текот на јануари. Срце ми се крши кога гледам како пожари ја уништуваат земјата, уништуваат семејства и животни. Ќе донирам 25.000 долари. Ноле, ќе донираш ли и ти?“ – напиша Маша на Твитер.

Одговорот од Новак дојде брзо.

„Да, Марија. Би сакал да дадам 25.000 и ја удвоиме донацијата за да им се помогне на загрозените. Австралија, со тебе сме“ – порача Ѓоковиќ кој пред некој ден и побара да се размсли дали треба да се игра Австралија опен во Мелбурн, бидејќи може да биде загрозено здравјето на тенисерите ако не се поправи ситуацијата со чадот.

Ник Кирјос рече дека ќе донира по 200 долари за секој направен ас на Австралија опен.

- Оглас -

Најнови вести