Ни грипот нема да го сопре: Ибрахимовиќ ќе игра во дербито против Интер!

Звонимир Бобан, спортскиот директор на Милан, ги увери навивачите на Росонерите дека Златан Ибрахимовиќ ќе игра во големото градско дерби против Интер. Шведскиот напаѓач деновиве има грип, но тоа нема да го спречи во недела да излезе на мегдан против градскиот ривал и негов поранешен клуб Интер.

„Шампионите се подготвени да направат сè за тимот. Исто како што беа Руд Гулит, Франко Барези, Паоло Малдини, Роберто Баџо и Жорж Веа, таков сега е Златан Ибрахимовиќ. Чистокрвен шампион. Исклучителен професионалец. Тој знае во колку ризичен момент пристигна во нашиот тим и ризикуваше. Неговото влијание во екипата веднаш се почувствува. Градското дерби е специјално за него и тој сигурно ќе игра против Интер“, рече Бобан и ги израдува многуте навивачи на Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести