Шпанија дури по 120 минути игра славеше над Брегот на Слоновата Коска и се пласираше во полуфиналето на фудбалскиот турнир на ЛОИ. Црвената фурија на два пати беше во негатива, но на крајот стигна до победа. Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Ерик Бејли погоди за водство на Брегот, а израмни Олмо во 30 минута.
Нерешено беше до 90 минута, а кога започна да се игра судиското продолжување започнаа возбудувањата. Градел погоди за 2:1 за Брегот во 91 минута, а потоа во игра кај Шпанија влезе Рафаел Мир Висенте. Напаѓачот на Вулверхемптон погоди во првиот напад во кој учествуваше и израмни на 2:2, спасувајќи ја Шпанија од елиминација изборувајќи се за дополнителни 30 минути.
Во продолженијата, Шпанија со голот на Ојарзабал од пенал стигна до 3:2, а потоа повторно блесна Мир Висенте, кој погоди во 117 и 121 минута, комплетирајќи хет-трик. На крајот, Шпанија победи убедливо со 5:2 во меч на кој беше само неколку секунди од елиминација.