Август може да биде кобен за Динамо Загреб во амбициите да се игра во Лигата на шампионите, а мисијата ќе биде исклучително тешка да се елиминира молдавскиот Шериф во реваншот на „Максимир“, по поразот вечерва со 0:3 во Тираспол.
Шериф има огромна предност, која би била уште поголема според старите правила на УЕФА за „примен гол на гости“ бидејќи ја сочуваа мрежата на свој терен.
Вака на Динамо му треба каква било победа од 3 гола разлика за 8 дена на свој терен за да обезбеди продолженија или триумф од 4 и повеќе разлика за да игра во Лигата на шампионите.
Адама Траоре беше незадржлив за одбраната на Динамо Загреб и постигна два убави гола, но потег на мечот беше волејот на Гркот Димитриос Коловос во 54-тата минута за 2:0 во тој момент.
Bomb 💣 goal by Kolovos in the first #UCL leg for his club FC Sheriff Tiraspol. pic.twitter.com/EncSELa70K
— Hellas Football (@HellasFooty) August 17, 2021