Манчестер јунајтед минатата сезона ги имаше најслабите резултати во историјата на Премиер лигата, па не е ни чудно што тимот заврши на 15-тото место на табелата. Сепак, дури ни очајните резултати не беа препрека Црвените ѓаволи да бидат најгледаниот тим во Премиер лигата во сезоната која што заврши.
Скај Спорт и ТНТ Спорт забележале пад од 10 отсто на просечната гледаност, откако претходните две сезон се рушеа рекорди по гледаноста. Сепак, мечевите на кои играше Манчестер јунајтед, клуб кој има најголем број на навивачи во Англија, остана најпопуларен дури и покрај лошите резултати и трендот на намален број на гледачи.
Едноставно Манчестер јунајтед е магнет за телевизиските куќи кои ги имаат правата за пренос на натпреварите.