Ни мажите од Премиер лигата не ѝ се рамни, Кели ја шутна топката со 111 километри на час (Видео)

Англиската фудбалска репрезентативка Клои Кели во пенал-серијата на мечот Англија – Нигерија од Светското првенство за жени упати шут со брзина дури од 110,8 километри на час, што ретко се гледа во женска конкуренција и ова е најсилен шут измерен во историјата на женските Мундијали.

Колку беше силен шутот на Кели, покажува и податокот дека во минатата сезона во машката Премиер лига ниту еден гол не беше постигнат со шут со поголема брзина од оваа на Кели, која како да има топ во нозете. Најсилниот шут во минатата сезона беше на Саид Бенрама од Вест хем, кога топката во мрежа заврши со брзина од 107,2 км/ч.

Погледнете како Англичанката распали по топката и ќе ја скинеше мрежата:

- Оглас -

Најнови вести