Ни Меси, Роналдо и Нејмар не го можеа тоа, Мбапе дојде до 300 голови пред 25-тиот роденден

Килијан Мбапе со трите голови кои ги постигна во историското демолирање на Гибралтар од 14-0, стана трети стрелец во историјата на француската репрезентација, пред него се само Оливие Жиру и Тјери Анри, а дојде и до бројка од 300 голови во кариерата.

Билансот на Мбапе е импресивен ако се знае дека уште нема 25 години. Мбапе има дадено 227 голови за неговиот сегашен клуб Пари Сен Жермен, 46 за репрезентацијата, а 27 за неговиот екс клуб Монако.

Лионел Меси својот 300-ти гол го постигна кога имаше 25 години и 4 месеци, а Кристијано Роналдо кога имаше 27 години и три месеци. На Мбапе му требаа 407 мечеви во кариерата за 300 гола, на Меси му требаа 418, а на Роналдо 554.

- Оглас -

Најнови вести