Ни Мурињо не најде лек за неаполската машина (Видео)

Наполи со убав гол на Виктор Осимен во 81-ва минута, како гостин ја победи Рома со 1-0 во дербито на колото во италијанската Серија А.

Наполи ја продолжи победничката низа, прв е на табелата со три бода пред Милан, а последен тим кој не прими гол од Наполи беше Фиорентина во август.

Елиф Елмас беше резерва, а во игра влезе во 57-ма минута кога го замени Ндомбеле при резултат 0-0.

Погледнете го волејот на Осимен со кој беше одлучен победникот:

- Оглас -

Најнови вести