Мохамед Салах на „Инстаграм“ објави клип од „зад сцената“ додека снимаше реклама за компанијата „Пепси“, на кој со фудбалска топка упати два шута за кои многумина, меѓу нив и соиграчот од Ливерпул, Дејан Ловрен, мислат дека се монтажа.
Салах најпрвин успеа топката да ја упати во дупката од една закачена гума од некакво возило, а потоа врз гумата стави лименка и од прв обид успеа со волеј-шут со нога со топката да ја погоди лименката. Меѓу коментарите има многу кои не веруваат дека ова е реално и обвинуваат за „монтажа“, а интересна е забелешката и на Хрватот Ловрен. Тој напиша: „100 проценти реално“ и стави емотикон од носот на Пинокио, со што сакаше да каже дека станува збор за лага.
https://www.youtube.com/watch?v=1R4nF4Y7Zb0