Франција и најави нов дебакл на Македонија во квалификациски меч што е во тек и по првото полувреме водат со 5:0. Почетокот беше исклучително лош за нашата репрезентација со примен гол за само 10 секунди.
Валери Гован погоди во првата акција и со удар со глава ја круниса добрата и експресна акција на домашната селекција.
Потоа двапати прецизна беше Ежени Ле Сомер, а по еднаш погодија и Де Алмеида и Дијани, па Франција како апсолутен фаворит има убедлива предност по првиот дел.
Претходно игравме и во Скопје и една од најсилните селекции на светот славеше убедливо со 7:0.
Голот на Гован за предност на Франција од 1:0 можете да го погледнете ОВДЕ.