23.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Ни најдобрата игра во кариерата на Јокиќ не му помогна на Денвер

Сан Антонио спарс се избори за седми меч против Денвер нагетс, откако на свој терен славеше со 120-103 и изедначи на 3-3 во серијата од плејофот на западната конференција во НБА лигата која се игра во четири добиени натпревари.

Иако Никола Јокиќ даде 43 поени за Денвер, што е клупски плејоф рекорд, сепак Спарс предводени од Ламаркус Олдриџ кој даде 18 поени во првото, и Демар Дерозен кој уфрли 18 во второто полувреме, „мамузите“ дојдоа до триумфот. На крај, Олдриџ и Дерозен заедно имаа 51 поен, 17 скока и 12 асистенции, а од клупата за резерви придонес од 19 поени даде Руди Геј.

Јокиќ кој имаше и 12 скока и девет асистенции, рече дека веројатно ова му е најдобра игра во кариерата, но џабе кога загубиле, а тој за првпат ќе игра еден седми меч од НБА плејоф, и се плаши дека неискуството може да им биде проблем. Резервите на Спарс дадоа 36, а тие на Нагетс само 13 поени, и тука е една од причините за резултатот.

„Моравме да бидеме агресивни, знаевме дека овој меч е да се биде или не. Игравме дома, и го направивме тоа што требаше. Плејофот е најинтересен поради тие седми натпревари, се живее за такви мечеви“ – рече Дерозен.

Мајсторката ќе се игра во Денвер, а победникот, во второ коло ќе се сретне со Портланд.

- Оглас -

Најнови вести