Ни напред, ни назад: Македонија на иста позиција на новата ранг-листа на ФИФА

Триумфот на гостувањето кај Лихтенштајн и поразот дома од Германија во октомвриските мечеви ја задржаа македонската фудбалска репрезентација на 74-тото место на ранг-листата на ФИФА. Новата листа треба да биде објавена во текот на денов, но според пресметките, јасно е дека Македонија останува таму каде што беше и во септември, со два поени помалку од претходното рангирање.

Белгија останува прва затоа што Бразил не ги доби сите три октомвриски мечеви од квалификациите за СП. Во топ 10 се и Франција, Италија, Англија, Аргентина, Шпанија, Португалија, Мексико и Данска.

- Оглас -

Најнови вести