Ни Пјонтек не помогна, Јирген Клинсман си поднесе оставка

Јирген Клинсман веќе не е тренер на Херта. Тој преку „Фејсбук“ ја информираше јавноста за својата одлука да си даде оставка, а потврда за раскинување на соработката дојде и од клубот од Берлин. Клинсман напиша дека се сомнева дека кон него нема доверба од некои од членовите на раководството на клубот и решил да си замине само по десет недели откако го презеде тимот.

Клинсман ќе продолжи да работи како советник во Херта, улога која ја имаше пред да седне на тренерското место во ноември. Главна цел на тимот е опстанок во Бундеслигата, за таа цел во зимскиот преоден рок го купија Полјакот Кжиштоф Пјонтек од Милан.

„Единството, сплотеноста и посветенста кон целите се најважните елементи, особено во битката за опстанок. Ако тие не се загарантирани, не можам да го покажам потенцијалот на тимот и затоа не можам да ја носам мојата одговорност”, напиша Клинсман.

Привремен тренер на Херта ќе биде Александер Нури. Од Херта ја прифатија оставката, но биле изненадени утрово бидејќи немало сигнали дека Клинсман планира такво нешто.

 

- Оглас -

Најнови вести