Војводина не успеа да ја сопре црната серија од 16 меча без победа против Црвена ѕвезда и денеска го загуби и 15-тиот меч во последните 17 меѓусебни дуели со белграѓани, а притоа имаат и две нерешени средби.
Со головите на Пешиќ и на Канга во второто полувреме, некогашниот европски првак славеше победа од 2:0 и остана на првото место на табелата во српската Прва лига со 38 бода од 14 меча.
Дуелот во Нови Сад имаше интересна предигра откако домаќините поканија поп да ги освети просториите на клубот, соблекувалните и клупскиот автобус за да помогне да се надмине малерот и долгата серија без победа против Црвена ѕвезда.
Тимот од Нови Сад последен пат се радувал во дуел со најтрофејниот српски тим во мај 2016 година, кога победи во Белград со 3:1 во првенствен дуел.