Ни Рибери не помага, Салернитана е немоќна во Серија А, играјте си ја на 4+ голови

Салернитана влезе во книгата на негативни рекорди во Серија А, откако во воведните три кола како прволигаш, прими вкупно 11 голови. Во првото коло, Салернитана загуби со 2-3, а потоа следуваа два порази по ред со по 0-4.

Попладнево, деби во дресот на Салернирана имаше францускиот ветеран Франк Рибери кој играше во последната четвртина од мечот, но немаше некој посебен придонес. Проблем на тимот е одбраната. Откако во Серија А победата се вреднува три бода, а тоа е од 1994/95 наваму, немало друг тим во првите три кола кој примил дури 11 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести