Ни Самбата на Бразилките не го сопре походот на Андоновски – Македонецот има блескава серија победи со САД (Видео)
Селекторот на четирикратните светски првенки вечерва ја прокнижи и 15-тата победа на 15 меча како селектор на најтрофејната женска селекција на светот.

Влатко Андоновски ќе остане запишан како селектор на женската селекција на Соединетите Американски Држави со најдолга серија победи, по тримфот од 2:0 вечерва против Бразилките.
Македонецот беше именуван за нов, деветти селектор по ред во историјата на четирикратните светски првенки во октомври 2019 година и оттогаш на 15 меча забележа 15 победи.
FT: #USWNT 2-0 Brazil | Press early, Rapinoe late send the US to 15-0-0 under Vlatko Andonovski | They have not won the SheBelieves Cup yet but among the things needed for them NOT to is to lose to Argentina. Not likely
— Dan Lauletta (@TheDanLauletta) February 21, 2021
Вечерва на „SheBelieves“ купот Американките почнаа одлично и со голот на Прес во 11-тата минута најавија дека ќе ја продолжат блескавата серија победи.
Капитенот и иконата на женскиот фудбал во САД, Меган Рапино, со убав гол во 88-мата минута го потврди триумфот против Бразилките.
САД има две победи на два меча на Купот што го организира, а треба да игра уште против Аргентина и Јапонија.