32.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Ни самиот Гомес не знае како успеа да ја промаши целата топка (видео)

Воздишките на „Месталја“ уште се слушаат по пропуштената голема шанса на Макси Гомес. Валенсија во 19-тата минута изгради ситуација да поведе против Челзи, меѓутоа уругвајскиот напаѓач не ја зафати најдобро топката откако се најде во непосредна близина пред голот, поточно ја утна целата и наместо во мрежата на Кепа, гостите од Лондон го вратија поседот и се спасија од моменталната безизлезна ситуација.

Од тој момент двете екипи имаа по неколку шанси, поконкретни беа домаќините, но резултатот остана непроменет сè до 40-тата минута кога Солер најдобро се снајде во гужвата во шестнаесетникот и стрелаше за 1-0 во корист на Валенсија, за веќе во следниот напад Челзи да израмни преку Ковачиќ.

Епското промашување на Гомес можете да го видите на следниот ЛИНК.

 

 

- Оглас -

Најнови вести