Ни Шведска не е што беше – Линделоф не играше за Манчестер јунајтед поради закани по живот

Оле Гунар Солскјер ја откри причината за отсуството на дефанзивецот Виктор Линделоф на мечот со Ватфорд, што Манчестер јунајтед го доби со 2:1.

Линделоф беше изоставен од безбедносни причини, а добивал закани дека ќе биде убиен. Причината е што тој не сака веќе да игра за шведската фудбалска репрезентација.

„Има закани и тоа сериозни, откако ја напушти селекцијата на Шведска. Му се закануваат со смрт и донесовме одлука дека е подобро да не игра против Ватфорд. Виктор е силно момче и се ќе биде в ред“, објави Солскјер.

Линделоф е стандарден член на Манчестер јунајтед сезонава одигра 33 натпревари за „црвените ѓаволи“, 25 од нив во Премиерлигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести