Ни Суарес не може против традицијата, Атлетико пак одигра 0-0

На натпреварот со Гранада, на Атлетико се му одеше од рака, па и Луис Суарес кој дојде од Барселона дебитираше со два гола, и навивачите ги фати еуфорија, помислија дека сезонава е нивна.

Сепак, брзо дојде ладењето и спуштањето на земја. Атлетико на гости со Уеска и дома со Вилјареал, не постигна ниту еден гол. Им се вратија на старите навики, кога многу често играа 0-0 и тие киксеви ги оддалечуваа од титулата во Шпанија. Суарес, Диего Коста, Жоао Феликс, на последните два меча не се толку опасни и гладни за голови, па клубот сега ќе се обиде да го донесе и Кавани.

Атлетико на „Ванда Мстрополитано“, само осум пати нема дадено гол, а денеска беше осмиот дуел. Вилјареал во минатото коло делуваше смешно во првото полувреме на гостувањето кај Барселона кога прими четири гола, но овојпат извлекоа реми, иако тренерот Унаи Емери и понатаму не знае за победа со 13-те дуели против колегата Диего Симеоне.

Лани Атлетико по првите три меча имаше максимални 9 бода, а сезонава има само 5.

- Оглас -

Најнови вести