Утре на гости ни доаѓаат јунаците од Украина, ќе ги дочекаме со аплауз, да ги испратиме со пораз (Фотогралерија)

Драган Канатларовски и неговите избраници ја забележаа првата победа во квалификацискиот циклус за настап на младинското Европско првенство во 2023 година и по „скалпот“ на Ерменија, сакаат полн плен и против Украина.

Мечот од петтото коло во Х групата се игра утре, во Скопје, од 13 часот и може да биде и решавачки, особено за нас во трката за првите две места што можат да гарантираат настап на ЕП за две години.

 

Избраниците на популарниот Цапар денеска го одржаа последниот тренинг пред утрешниот дуел на кој победата е императив.

Македонија во исклучително тешка група моментно е на третото место со пет бода, колку што имаат Фарските Острови, но со меч повеќе од нас.

Пред нас се лидерот Франција со 10 бода од четири натпревари и утрешниот ривал Украина со 9 бода, исто така од четири меча.

Зад нас покрај Фарски Острови, се и Србија со 4 бода и Ерменија, која е последна со три бода.

Украина ни е една од селекциите во категорија до 21 година што засекогаш ќе ја паметиме по подвигот што го направија во 2016 година.

Тогаш во последното коло го победија Исланд и ни овозможија да бидеме учесници на историското младинско ЕП во Полска во 2017 година.

За гостите утре сигурно ќе има аплауз од трибините, но на терен Македонија ќе оди на победа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести