Панатинаикос победи во Белград против Црвена ѕвезда со 81-77 и тоа откако Зелените детелинки ги постигнаа последните шест поени на натпреварот. На 40 секунди до крајот Ѕвезда водеше со 77-75, но ПАО беше посмирен и поискусен во финишот, па направи пресврт и дојде до победата.
Ѕвезда имаше шут за победа при 77-79, но обидот за три поени на Милош Теодосиќ беше многу непрецизен. Така, после Партизан, вечерва загуби и другиот српски тим во Евролигата, и не успеаја малку да ја израдуваат јавноста после трагедијата во Нови Сад во која денеска загинаа 13 лица.
Инаку, изненадувачки лидер на табелата во Евролигата е Жалгирис со скор 6-1. Литванскиот гигант вечерва дома извојува минимална победа против Монако од 63-62 и ја продолжи својата тримфална серија.