Мартин Браитвајте во 89 минута му донесе бод на Леганес во дуелот со Валенсија во шпанското првенство. Малиот мадридски тим, на својот стадион „Бутарке“ нема пораз уште од 16 септември, кога таму се радуваше Вилјареал.
Жофри Кондогбија со својот прв гол сезонава, ѝ донесе водство на Валенсија од 1-0 на непријатното гостување кај Леганес. Кондогбија во дресот на Валенсија има дадено пет гола, четири во минатата сезона и еден во оваа, а сите пет му беа на гостински терен, уште нема погодено на „Месталја“.
Леганес сезонава прими дури 12 гола после противнички шутеви со глава. За Валенсија, ова е дури 15-то реми во 25 меча во Ла Лига сезонава и стана прв тим во историјата на кого тоа му пошло од рака.
Примениот гол за Валенсија значи дека им заврши серијата од четири средби по ред во сите натпреварувања, без примен гол. На крај, може да бидат и задоволни, бидејќи домашните во судиското продолжение имаа одлична шанса за триумф.