Ни ВАР-системот ни судијата Атвел не го спасија Челзи од пораз

Вулверхемптон го победи Челзи со 2:1 во премиерниот меч од 13-тото коло во Премиер лигата, а јунаци на Волците се Португалците Поденс и Нето, кои направија пресврт со голови во последните половина час.

Нето беше побрз од судијата Стјуарт Атвел и со гол во 95-тата минута му донесе победа на домашниот тим. Претходно, Оливие Жиру му донесе предност на гостинот со гол во 49-тата минута, а израмни Поденс во 66-тата минута.

Во финишот на мечот при резултат 1:1 имаше и спорен момент. Домаќините добија пенал, но потоа судијата Стјуарт Атвел се пишмани откако ја прегледа спорната ситуација со помош на ВАР-системот.

Ријс Џејмс стартуваше над Педро Нето во 83-тата минута и првичната одлука на Атвел беше да досуди удар од белата точка за Волците.

Сепак, потоа ја преиначи одлуката и одлучи да нема пенал за гостите, кои сепак загубија со примен погодок во 95-тата минута. Ова е првпат по две години Челзи да има два порази по ред во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести