Поранешниот аргентински репрезентативец Хуан Роман Рикелме, кој е еден од идолите на Лионел Меси, не е задоволен од однесувањето на сегашните фудбалери.
Рикелме кој сега е претседател на еден од двата најголеми и најтрофејни аргентински клубови, Бока јуниорс, смета дека сегашните фудбалери играат само од корист и дека не постои љубов кон овој спорт.
„Пред сè ние го сакавме фудбалот. Не размислувавме за танцување или забавување по натпреварите. Денеска на играчите поважно од фудбалот им е да се фотографираат со своите фризери. Згрозен сум од ова однесување и постојано се нервирам бидејќи не можам да променам ништо по тоа прашање“, изјави Рикелме.