Ниеден НБА-тим не може со Барселона, Реал и Јувентус

Светските фудбалски гиганти Барселона, Реал Мадрид и Јувентус се на првите три места на листата за спортски колективи кои одвојувале најмногу пари за плати на играчите во 2019 година. Шпанскиот првак Барселона е водечки клуб на листата. Каталонскиот гигант издвојува вкупно 9.827.644 фунти на неделно ниво за плата на играчите. Меси е рекордер речиси со половина милион фунти за неделна плата.

Веднаш зад Барселона е вечниот ривал Реал Мадрид, кој на своите играчи им плаќа 8.923.754 фунти неделно. На третото место е Јувентус со 8.085.317 фунти. Старата дама се искачи на третото место најмногу благодарение на платата која ја издвојува за Кристијано Роналдо.

Зад фудблското трио следат дури девет НБА-клубови, и тоа: Портланд, Голден стејт, Орландо, Оклахома, Денвер, Мајами, Кливленд и Хјустон. Дури на 12-тото место е францускиот првак Пари Сен Жермен, кој неделно троши 7.147.376 фунти за плати на фудбалерите.

Прв клуб кој не е од фудбалот или од кошарката е бејзбол клубот Њујорк јенки на 32-то место на оваа листа.

 

- Оглас -

Најнови вести