Нигерија го краде Абрахам од Англија – Супер орлите имаат рецепт се вика Ивоби

Тами Абрахам игра во извонредна форма за Челзи на почетокот на сезоната и повторно е актуелно прашањето за која национална селекција ќе игра во иднина.

Иако беше дел од речиси сите младински селекции на Англија, сè уште не настапил за сениорскиот состав на Гордиот Албион, па тука Нигерија гледа шанса за пресврт и да го убеди младиот напаѓач да игра за нивната репрезентација.

Родителите на Тами се од Нигерија и тука е надежта на Супер орлите да го убедат 21-годишниот играч да ја смени одлуката и да игра за африканската репрезентација.

Интересно е што Абрахам двапати беше повикан за селекцијата А на Англија, против Германија и Бразил во 2017 година, но тогаш не влезе во игра и сè уште може да бира дали ќе игра за земјата во која е роден, Англија, или за државата од која се неговите родители, Нигерија.

Сличен беше случајот со фудбалерот на Евертон, Алекс Ивоби, кој беше член на младинските селекции на Англија, и тоа еден од подобрите во својата генерација, но потоа одлучи да игра за сениорската селекција на Нигерија.

- Оглас -

Најнови вести