8.8 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Нигерија како на тренинг до пласман во четвртфиналето на АКН (Видео)

Репрезентацијата на Нигерија ја оправда фаворитската улога и славеше убедливо со 4-0 над Мозамбик во осминафиналето од Африканскиот куп на нации. На овој меч првпат на ова издание на турнирот една репрезентација успеа да постигне четири гола.

Патникот во четвртфиналето беше најавен уште во првото полувреме, после кое Нигерија имаше водство од 2-0 со головите на Лукман и Осимен. Во вториот дел, Осимен уште еднаш се запиша во листата со стрелците, додека четвртиот гол за Нигерија беше дело на Адамс.

Нигерија првпат на турнирот не прими гол, а во четвртфиналето за противник ќе го имаат победникот од дуелот на Алжир и ДР Конго.

- Оглас -

Најнови вести