4.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Нигерија нема да игра на СП 2026 откако на пенали загуби од ДР Конго

Светското првенство во 2026 година ќе биде без една од најпопуларните африкански репрезентации, а тоа е Нигерија. Иако беа големи фаворити, Нигеријците вечерва загубија од ДР Конго и тоа дури по изведување на пенали, па нема да бидат дел од завршницата на Мундијалот.

По регуларните 90 минути, резултатот беше 1:1, а Нигерија иако во своите редови во нападот ги имаше светски познатите ѕвезди Виктор Осимен, Адемола Лукман и Самуел Чуквезе, не успеа да направи предност против ДР Конго кој беше во улога на фаворит.

Откако немаше погодоци и во дополнителните 30 минути, победникот мораше да се решава на пенали. Нигеријците од шест пенали што ги шутираа, промашија дури три пати, па на крајот ДР конго победи со 4:3 во пенал-рулетот и се пласираше во интерконтиненталниот бараж за пласман на планетарниот собир. ДР Конго последен пат бил дел од СП во далечната 1974 година, кога играше под името Заир.

- Оглас -

Најнови вести