1.8 C
Skopje
сабота, 24 јануари 2026

Нигерија нема да игра на СП, па ги обвинија противниците дека користеле „црна магија“ (Видео)

Репрезентацијата на Нигерија нема да учествува на Светското првенство откако го загуби финалето од дополнителниот турнир на африканските квалификации од ДР Конго, и тоа на пенали.

Тоа значи дека ДР Конго ќе биде претставникот на Африка во интерконтиненталните квалификации кои ќе се одржат во САД непосредно пред почетокот на Мундијалот, но мечот во Мароко имаше скандалозна завршница.

Нигеријците предводени од нивната најголема ѕвезда, Виктор Осимен, тргнаа да се пресметуваат со противниците, откако ги обвинија дека користеле „црна магија“ за да ги победат.

- Оглас -

Најнови вести