Нигерија одби да игра па службено го доби мечот против Либија со 3:0

Фудбалската репрезентација на Нигерија стигна до сложбена победа во дуелот против Либија во во квалификациите за пласман на Африканскиот куп на нации. Дуелот на кој Либија требаше да биде домаќин не се одигра откако гостинската селекција едноставно не можеше навремено да стигне до стадионот.

Причина за тоа беше „заглавувањето“ на Нигерија на аеродромот во Либија. Повеќе од 12 часа целата нигериска експедиција беше „заглавена“ на аеродромот, а фудбалерите се снаоѓаа како ќе можат, па дел од нив дури спиеја на столчиња или на патосот. 

Дисциплинската комисија реши дека Нигерија со служебиени 3:0 го доби неодиграниот меч. Со оваа победа, нигерија се зацврсти на првото место во групата со 10 бодови од четири кола, пред Бенин кој е втор со шест бодови, Руанда има пет бодови, а Либија е последна со само еден бод.

- Оглас -

Најнови вести