Нигерија оди по финале, таму може да налета на тим кој е без селектор

Полуфиналните дуели на Африканскиот куп на нациите се интересни на свој начин и предизвикувачки и привлечни за секој обложувач кој ќе се реши да уплати во Sport Life.

Квотите во Sport Life за конечен тип најавуваат финале помеѓу Нигерија и домаќинот на првенството, Брегот на Слоновата Коска.

Нигеријците предводени од Виктор Осимен се надеваат дека по 11 години, повторно ќе бидат прваци на Африка. Тие го освојуваа првенството на Црниот Континент кога играа 8, 12 и 16 тима, се надеваат на прво злато и на шампионат со 24 земји учеснички. Супер Орлите ги добија сите мечеви, освен еден, кој заврши нерешено. Сите нивни дуели беа тврди со 0-2 гола.

Јужна Африка има серија од четири меча без примен гол. Најголемото изненадување го приредија во осминафиналето, кога го победија Мароко. Во земјата од југот на Африка се надеваат дека историјата ќе се повтори. Во 1995 година беа светски прваци во рагби, а една година подоцна го освоија Африканското првенство. Лани беа светски шампиони во рагби, па јасно е зошто се оптимисти околу овогодишниот АФКОН.

Брегот на Слоновата Коска како домаќин има амбиција да стигне до крај иако нема селектор, го избркаа по третото коло од групната фаза. Во нокаут-фазата имаа драматични мечеви со среќен крај за нив.

ДР Конго не беше сместуван меѓу кандидатите за титула, но до полуфиналето дојде без пораз и не би било чудо да се најде и во големото финале. Тим кој ги совлада Египет и Гвинеја не е за потценување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести