Нигеријците направија лом во Абуџа по елиминацијата од Гана (Видео)

Навивачите на Нигерија направија сериозен инцидент на стадионот „МКО Абиола“ во Абуџа по елиминацијата од Гана во финалниот бараж-меч за настап на Мундијалот во Катар.

Мечот заврши нерешено 1:1 и според правилото на ФИФА, Супер орлите останаа покуси за еден гол, откако и првиот меч заврши без победник, но без голови.

По завршувањето на реваншот, следуваше инвазија од трибините на теренот во Абуџа, а инцидентот е сериозен и симпатизерите на Нигерија уриваа сè пред себе.

Видео од инцидентот можете да погледнете ОВДЕ.

Нигерија по три едноподруго учества на Мундијалите, во 2010, 2014 и 2018 година, нема да игра во Катар.

Со Гана, досега и Сенегал по драматичен двомеч и победа против Египет по подобро изведување на пенали се пласира на СП.

Во тек се уште три реванши, по кои ќе се знаат сите пет селекции од Африка што ќе играат на Мундијалот оваа година во ноември и декември.

 

- Оглас -

Најнови вести