Нигеријците немаат пари за патување до Кина

Репрезентацијата на Нигерија, во чии редови има одлични кошаркари како: Ал Фарук и Аладе Амину, Ајк Диогу, Еке Јудо, Бенџамин Узо, Џелел Акинделе, требаше вчера да замине за Кина на аклиматизација пред Светското првенство, но останаа дома, и тоа поради финансиски проблеми.

Голема криза ја тресе кошаркарската федерација на оваа африканска земја, на сметката на националниот тим не легнале никакви пари од фондот наменет за Мундобаскетот. Сите досегашни трошоци ги поднесоа лично претседателот на федерацијата, тренерите и играчите.

„Не можам да кажам кога тимот ќе отпатува за Кина и дали воопшто ќе заминеме таму. Тимот е уште во Нигерија и нема никакви средства за патување и престој во Кина. Се обративме до одговорните министерства со надеж дека парите конечно ќе бидат обезбедени и ќе може да полетаме за Кина“, рече директорот на репрезентацијата, Муса Адаму.

Нигерија на СП во првата фаза ќе биде во група со Аргентина, Русија и Кореја.

- Оглас -

Најнови вести